Добивај вести на Viber
Според известувањето од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во текот на утрешниот ден(15 јули) во неколку населби во Скопје ќе има прекини на електрична енергија.
Така, од 8.30 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Пеју Јаворовиќ во општина Кисела Вода, од 9.30 до 15.30 корисниците од улицата Виетнамска во Шуто Оризари, улицатата Шидска и неколку дуќани во Ѓорче Петров, како и корисниците од селото Копаница во Сарај.
Прекините се најавени поради инвестициски зафати во електродистрибутивната мережа.