30 Април, 2024
0.0277

ДЕН БЕЗ СМРТНИ СЛУЧАИ: Вкупниот број на заразени надмина 10.000, денеска 152 позитивни на ковид

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

И денеска нема починати од корона вирусот, но бројот на новозаразени е 152, со што и официјално во Македонија има над 10.000 заразени со Ковид-19, односно најпрецизно, 10.086. Од 1.077 тестирања, потврден е вирусот кај кај 39 лица во Скопје, 20 во Куманово,15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, 9 во Тетово, 8 во Дебар, по пет има во Битола и во Кавадарци, 4 во Струмица, по 3 во Охрид, Гевгелија и во Делчево, по 2 во Демир Хисар, Кичево и во Македонски Брод и по 1 во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и во Свети Николе.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 70 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 23, од Куманово – 8, од Штип – 6, од Тетово – 10, од Гостивар – 10 и од Свети Николе – 13. Нема починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.086, бројката на оздравени пациенти е 5.427, на починати е 460, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 4.199. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 4.607, активни 1.935
Куманово – 987, активни 282
Дебар – 193, активни 125
Штип – 732, активни 380
Прилеп – 322, активни 52
Тетово – 992, активни 283
Струга – 415, активни 206
Велес – 212, активни 21
Битола – 114, активни 60
Охрид – 262, активни 111
Кавадарци – 38, активни 21
Гостивар – 372, активни 223
Гевгелија – 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица – 35, активни 24
Крива Паланка – 22, активни 8
Радовиш – 28, активни 23
Крушево – 15, активни 9
Кочани – 94, активни 24
Пробиштип – 47, активни 28
Демир Хисар – 24, активни 22
Македонски Брод – 12, активни 8
Пехчево – 6, активни 0
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 5, активни 1
Делчево – 5, активни 4 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)
Кратово – 13, активни 8
Свети Николе – 216, активни 188
Кичево – 120, активни 93
Ресен – 143, активни 45
Неготино – 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.077 теста се преку ИЈЗ – 667, преку ЦЈЗ Скопје – 23, преку „Авицена“ – 138, преку „Биотек“ – 78, преку МАНУ – 10, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 8, преку „Систина“ со PCR метода – 99, преку Судска медицина – 1, преку ЦЈЗ Битола – 35, преку Инфективна клиника – 3 и преку ГАК – 15. Досега во земјата се направени вкупно 95.169 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои 40 добиваат кислородна поддршка и нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца и осум пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 100 пациенти од кои тројца се поставени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти, а во болницата во Штип – 46. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 126 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 271
Аеродром – 212
Бутел – 138
Гази Баба – 198
Центар – 161
Карпош – 174
Сарај – 114
Кисела Вода – 179
Ѓорче Петров – 129
Студеничани – 99
Шуто Оризари – 126
Арачиново – 34
Илинден – 26
Петровец – 23
Чучер Сандево – 11
Сопиште – 21
Зелениково – 9
Странец – 8
Нераспределен – 2


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање