03 Мај, 2024
0.0241

Денес е Бела Недела: Ден кога Тома неверата ја заменил со вера!

Објавено во: Стил 19 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Томина недела е првата недела после Велигден. Се нарекува уште и Бела недела или Мал Велигден.

Нова недела се нарекува бидејќи почетокот на сите недели запонува од неа, после Велигден прв пат се повторува и како да го обновува големиот празник Воскресение.

Посветена е на Светиот апостол Тома и неговото неверство во Хистовото воскресение. Тој ден апостол Тома своето неверие го заменил со вера.

Името го добила по Тома, еден од дванаесетите големи апостоли. Во седмицата помеѓу Велигден и Томина недела вратите на рајот се отворени и оној кога умре тогаш, оди право во рајот. Според библиското учење, Исус Христос по воскреснувањето им се јавил на неговиѕе ученици низ затворена врата. Потпирајќи се на неговото воскресение, единаесеторката тоа му го раскажала на дванаесетиот (Тома), кој во моментот на јавувањето на Исус бил отсутен, на што им одговорил: „Не верувам, додека не видам“.

Осмиот ден по Велигден Исус повторно дошол меѓу своите ученици, затекнувајќи ги сите собрани и го прекорил Тома што не повреувал веднаш во неговото воскреснување. Оттука Тома, чие име на еврејски значи Близнак, го добил името Неверниот.

Кога апостолот Тома се уверил во раните на Христос извикал: „Господ мој и Бог мој!“.

Уверувајќи се така, лично во Христовите рани и неговата бесмртност, Тома станал еден од најдоследните поборници на христијанството, кое го ширел во Палестина, Персија и Индија. Умрел избоден со копја, во индискиот град Мелипур, затоа што сопругата и синот на тамошниот цар ги преобратил во христијанство.