30 Април, 2024
0.0279

Денеска власта и опозицијата избираат државен ревизор

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По две години чекање денеска е денот кога, според најавите, треба да се избере нов главен државен ревизор на закажаната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Комисијата, чиј претседател е пратеникот Илија Димовски, денеска ќе ја продолжи 17. седница на која треба да биде одлучено кој ќе биде директор на Државниот завод за ревизија. Притисокот да се одбере нов прв човек за оваа функција бастанба особено откако заводот остана без раководител, по истекот на мандатот и на заменик-директорот, и поради сензитивниот период кој следува со предвремените парламентарни избори во април догодина.

Собраниски извори потврдуваат дека е постигнат договор за тоа кој ќе биде државен главен ревизор, но официјално неговото име не се соопштува. Огласот е отворен веќе две години.

Во меѓувреме имаше реакции од самите вработени во ревизијата, синдикатите и политичарите што поскоро да има именување на директор на иснтитуцијата, која го контролира работењето на државните органи, општините, јавните претпријатија и политичките партии.

За другите кадровски прашања во Дирекцијата за заштита на личните податоци, испразнетите места во комисиите за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата за антидискриминација, АВМУ и други.кои исто така треба да го минат филтерот на Комисијата, засега нема договор.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање