Денеска започнува изградба на нов мост во Скопје
Објавено во: Македонија 03 Март, 2020
Денес започнува втората фаза од изградбата на булеварот АСНОМ во главниот град, односно мостот преку реката Вардар што како капитален проект на Град Скопје треба да ги поврзе Аеродором и Керамидница и да го олесни движењето низ метрополата.
Прoбивањето на булеварот АСНОМ кој ќе ги поврзе Аеродром, Гази Баба и Центар започна минатата година, а административно проектот се врати во игра пред две години.
Досега се работеше на проширувањето на булеварот од страната на општина Аеродром, а од денес стартува изградбата на мостот.
Третата фаза од проектот е спојувањето на мостот со булеварот Гоце Делчев.