Десет години да не бил пратеник, ниту член во Влада: Кои услови требаат за новиот антикоруционер?
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2019
Тешка задача ќе има новиот антикорупционер кој за да биде избран ќе мора да исполни некои услови кои досега не беа како оние кои се предлагаат согласно новиот Закон.
Пратениците со 81 глас „За“ го донесоа новиот закон за антикорупциската комисија за кој беше потребно двотретинско мнозинство.
По негодување владеачката гарнитура прифати 20 од вкупно 40 амандмани од опозициската ВМРО ДПМНЕ при што го отворија патот за формирање на комисијата која безмалку една година не функционира по оставките кои ги поднесоа тогашните членови поради низата сериозни сомневања за малверзации кои ги правеле.
Оној што ќе биде избран за претседател на Антикорупциска ќе треба да има најмалку десет години работено во завршување на високото образование и тоа од тие десет години барем осум треба да поминал во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување.
Покрај тоа, новиот антикорупционер ќе ја добие новата функција но само ако во последните десет години не бил пратеник, член во Владата , но не смее да биде и донатор на партија или да не вршел функција во органи на политичка партија.