Дете 49 дена лебдело над океанот, ајкула кружела, а тој читал Библија
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2018
Тинејџерот од Џакарта, Алди Новел Адиланг цели 49 дена во својата дрвена куќичка лебдел на океанот, и така поминал 2500 км, а конечно е спасен кај островот Гуам во Пацификот, пишува српска Политика.
Тој по недела дена останал без храна, цедел морска вода за да ја пие, и ловел риба.
18 годишниот Адиланг ја гасел лапмата секога кога некој брод ќе поминел покрај него.
Вели дека не знае колку бродови поминале покрај него, а да не знаат за неговата несреќа.
Ова момче мислело дека никогаш веќе нема да ги види родителите и секој ден се молело.
Адиланг овој месец се вратил во неговото мало село во Индонезија.
Кај Гуам него го спасил брод кој пловел под панамското знаме. Еден ден околу него кружела ајкула, но тој само се молел таа да си замине.