Девојче снимаше како татко и го апси анти-миграциската служба во САД
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
13 годишата Фатима Авелика го сними апсењето на нејзиниот татко од страна на анти-миграциската служба во САД додека тој со автомобилот ја носел на училиште во Калифорнија.
Снимката ги запали социјалните мрежи слушајќи како младата Фатима плаче додека на нејзиниот татко му ставаат лисици на рацете. 48 годишниот Ромуло е мигрант без документи, но со постојан престој во САД, додека пак неговата ќерка има државјанство.
Ромуло ќе биде депортиран во Мексико поради налог за апсење за возење под дејство на алкохол стар десетина години. Адвокатот на семејството кое сега е растргнато ќе бара виза за таткото.