30 Април, 2024
0.0247

Девојка автостоп патувала низ 25 земји

Објавено во: Стил 05 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Ана Бакран од Загреб за 8 месеци патувала  низ 25 земји  автостоп и поминала 44.000 километри. 

Вели дека патувањето било полно со опасност, но се потпирала на љубезноста на луѓето кои ги среќавала. 

Таа патувала со авион, воз, брод, автомобил, траект, јавала коњ. 

Оваа девојка во 2013 година ја напуштила работата за да си ја исполни својата замисла за патување. 

Раскажува дека спиела во цркви, џамии, паркови, плажи, бензински пумпи, евтини хотели. 

„Имав само неколку случаи кога требаше да платам за возењето. Граничната полиција во Туркменистан и Кина не ми дозволи пеш да поминам од еден до друг контролен пункт и морав да платам“ - вели Бакран. 

Додава дека 99% од патувањата поминале одлично, и наскоро планира да напише мемоари. Во текот на патувањето се случувало да заглават по пат, да им се расипе автомобилот, но таа не се откажала и покрај сите пречки.