05 Мај, 2024
0.0263

ДИГИТАЛНА РАБОТНИЧКА РЕВОЛУЦИЈА - товарот од кризата да падне и врз претставниците на капиталот

Објавено во: Македонија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во пресрет на Први мај, меѓународниот ден на трудот, најстариот и најбројниот синдикат, ССМ, уште еднаш повторува дека во никој случај нема да дозволи здравствената криза во земјава да се удри на грбот на работниците. Ги повикуваат сите да им се придружат во таа борба.

„Ја дигитализираме работничката револуција. Дигитален синдикален марш. Честит први мај“, напишаа од Синдикатот во своето соопштение.

Сѐ што ССМ презема во овој период, велат, учествувајќи во работата на Економско- социјалниот совет, беше исклучиво и единствено во насока на задржување на работните места како прв приоритет.

„ССМ беше дециден дека нема да дозволи товарот на здравствената криза да се префрли само врз грбот на работниците и нивните семејства. ССМ целиот свој капацитет во овој период од почетокот на кризата го насочи кон обезбедување на заштита на работните места на работниците, како и заштита на правата од работен однос уредени со законите и колективните договори. Одговоривме на секое поединечно барање, бевме на терен на повик на членството и активно учествувавме во работата на Економско- социјалниот совет. Со овие активности  ќе продолжиме и во наредниот период со уште позасилено темпо. Свесни сме за нашата улога и не бегаме од одговорност“, велат од Синдикатот.

Додаваат дека нивниот став е јасно презентиран, непоколеблив и без можност за отстапка. Апелираат и укажуваат дека кризата и вонредната состојба не можат да бидат причина за суспендирање на социјалниот дијалог, колективното договарање или кратење на човековите и работничките права.

„Работничките права се наш таргет, а последиците од кризата треба и мора да ги поднесат сите чинители во општеството и претставниците на капиталот и претставниците на трудот, како две страни на една целина“, децидни се од ССМ.

Но, сега, потенцираат, се додека трае здравствената криза, нивната грижа и активности се насочени кон заштита на работничките права и обезбедување на еднаквост во поднесување на неминовните последици, економски и општествени - за сите граѓани, без дискриминација и поделби по било кој основ.

„Укажуваме дека ќе бидеме конструктивни, но и исклучително храбри и децидни во нашите барања, без можност за отстапки затоа што здравствената криза покажа и докажа дека нашите барања за здрави и безбедни услови за работа, одржливи работни места, еднаквост, сигурна егзистенција, социјална сигурност, се барања кои се карактеристични и еднакво важни за сите луѓе во светот без исклучок и од нивната реализација и обезбедување зависи опстанокот на човештвото. Засега не дозволивме здравствената криза да премине во криза на пазарот на трудот и истата да биде надминувана на грбот на работниците. Сите Вие, кои се препознавате во нашите барања и заложби придружете ни се, заедно сме посилни, а нашата бројност ќе биде аргумент повеќе да надвладее разумот за реалните потреби за живот и развој на науката и технологијата за доброто на сите, наместо бескрупулозната трка за профит по било која цена која му наштетува на човештвото и неговиот развој“, нагласуваат од синдикатот. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава