30 Април, 2024
0.0265

Дигиталната трансформација е двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Дигиталната трансформација треба да биде двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан. Дигитализацијата и паметните технологии ќе овозможат регионална интеграција, нови перспективи и интензивна соработка на граѓаните од регионот. А земјите од Западен Балкан ќе бидат успешни само доколку имаат заеднички пристап за својата иднина и просперитет",е заедничка констатација на учесниците на дводневната регионална економска конференција „Западниот Балкан во 2030 година“, којашто се одржа од 26 до 27 септември во Белград.

Учесниците меѓу другото дискутираа и за поврзаноста на дигитализацијата со побрзиот економски развој и намалување на одливот на кадри, како клучни проблемии предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан.

На тема „Значењето на дигиталната трансформација како основен предуслов за позитивни промени и развој на земјите од регионот“, интересно излагање имаше и Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, кој на панел пред присутните истакна дека: „Изградбата на модерна телекомуникациска инфраструктура со  примена на новите технологии, инвестициите во дигитални вештини и дигиталната писменостсе основен предуслов за развој на земјите од регионот“. Потенцираше и дека Западниот Балкан може да биде успешен единствено доколку применува регионален пристап и соработка, заради потребата од поголем пазар и високото ниво на потребни инвестиции. „Цврсто сум уверен дека дигитализацијата ќе донесе бенефит за сите општества подеднакво. Дојче Телеком Групацијата како еден од клучните инвеститори во Западен Балкан, како и Македонски Телеком како дел од таа Групацијата, се цврсти, иновативни и сигурни партнери во процесотна дигиталната трансформација на овојрегион. Дигитализацијата ќе овозможи е-образование, е-здравство, односно нови современи технолошки решенија со кои ќе им се подобри и олесни животот на граѓаните“.

Една од финалните пораки на сите учесници на конференцијата „Западниот Балкан во 2030 година“ беше дека сите земји од регионот треба да соработуваат и да придонесат кон создавање услови за работа и живот, со цел да се задржат младите да останат во своите држави. Во таа насока, беше истакнато дека треба да се инвестира во соодветно образование во развивање нови вештини кај младите како услов за развој на нови бизниси кои ќе придонесат за раст на економиите во регионот. Дигиталната трансформација овозможува поврзаните економски сектори да добиваат подобри бизнис процеси, оптимизирани и ефикасни, а со тоа значително ќе се повлијае на зголемување на бруто домашниот производ во земјите. Отаму, дигиталната трансформација останува еден од главните фокуси на земјите од Западен Балкан на патот за приближување кон ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024