ДИК: До 13 часот гласале 261.473 гласачи
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2018
Од Државната изборна комисија соопштија дека до 13 часот гласале 261.473 гласачи, односно 16%.
По општини во Демир Хисар излегле 15.59%, во Конче 9.97%, во Маврово Ростуше 11.84%, во Куманово 16.15%, во Гостивар 12.25%, во Неготино 15.72%, во Свети Николе 15.31%, во Прилеп 19.05%, во Студеничани 13.68%., Штип 17.21%.
Општина Аеродром има нешто над 18% излезност.
Од ДИК велат дека од излезноста е во распон од 7.2% до 19%.
Во Чаир член на избирачки одбор агитирал и е заменет.