ДИК ГО ЗАКЛУЧИ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК: За градоначалници ќе може да гласаат точно 1.824.864 граѓани
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2021
На локалните
избори закажани за 17. октомври на кои ќе се гласа за нови градоначалници и
членови на советите на 80 општини во земјава и градот Скопје ќе може да излезат
на гласање вкупно 1.824.864 граѓани. Синоќа, Државната изборна комисија (ДИК)
вечерва го заклучи Избирачкиот список, согласно член 52 од Изборниот законик и
промените/ажурирањата што произлегоа од јавниот увид во податоците на списокот.
Според потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147. Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои се на привремена работа или престој во странство се запишани 82.461 гласач, на издржување казна затвор или се во притвор се 1.899 гласачи, во установи за вонсемејно сместување се запишани 351 гласач и во посебниот извод на Избирачкиот список за раселени лица има шест гласачи.