02 Мај, 2024
0.0304

Димитров во интервју за Die Welt: Решението е да се фокусираме на решливите проблеми, а не нашиот идентитет да го направиме предуслов за европска иднина

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, во заедничко интервју за Die Welt,  со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, во однос на актуелниот спор со соседна Бугарија посочува дека државите не ги признаваат јазиците или идентитетите, тие ги признаваат државите и владите

-Една од главните причини зошто успеавме да го решиме прашањето со нашите грчки пријатели беше таа што Договорот од Преспа не само што не влијаеше врз македонскиот јазик и идентитет, туку го потврди нашето право на самоопределување. Односите меѓу земјите функционираат врз основа на меѓународното право. Државите не ги признаваат јазиците или идентитетите, тие ги признаваат државите и владите. Живееме во Европа во 2020 година. Прашањето за тоа кој сум јас е прашање кое се однесува само на мене. Не дозволувам мојата земја да ми кажува кој сум јас, а да не зборуваме пак за друга земја. Јазиците на европските земји се нивна работа, тие се однесуваат само на соодветно засегнатите народи. Ова би можело да биде рамката која би ни помогнала да го избегнеме овој проблем. Македонскиот, покрај словенечкиот и српско-хрватскиот, беше еден од трите службени јазици на поранешна Југославија. Во меѓувреме, преку политичкиот развој на регионот, ги имаме и српскиот, хрватскиот, црногорскиот и босанскиот. Како народите го нарекуваат нивниот јазик, тоа е нивно право. Воопшто не е продуктивно ова да го претвораме во политички спор помеѓу две земји. 

Сметам дека решението е да се фокусираме на решливите проблеми, а не на тоа нашиот идентитет да го направиме предуслов за европска иднина. Не е исправно Македонците во 2020 година да се одлучуваат за тоа дали сакаат да останат Македонци или да станат Европјани. Тоа си оди едно со друго, а предизвикот за национален идентитет во Европа е предизвик за Европа, бидејќи Европа е заедница на вредности која ја цени нејзината разноликост. Целите на градење пријателство со Бугарија, водење разговори за прием како и заштита на нашето право на самоопределување и на сопствениот идентитет, се надополнуваат меѓусебно. Значи, ние ќе продолжиме да преговараме, останаа уште неколку недели. И се надеваме дека со помош на германското претседателство со Советот на ЕУ ќе оствариме успех заедно со нашите соседи во Бугарија, вели вицепремиерот Димитров.  

Истовремено, министерот Рот вели дека во Брисел генерално речиси за сите делегации се на ставот дека билатералните спрови меѓу две земји треба да бидат оставени на нивно меѓусебно решавање, а Унијата да се фокусира на многу поважни прашања кои се од исклучително значење за почеток на пристапните преговори.

-Како уверен Европеец, секогаш останувам оптимист. Дадовме ветување дека во текот на нашето претседателство со Советот ќе се потрудиме да добиеме зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија. И јас се чувствувам должен кон ова ветување. Преговорите не се неуспешни, но треба уште многу да се направи. На состанокот на Советот на министри скоро сите делегации уште еднаш ставија до знаење дека билатералните теми помеѓу две земји би требало и таму да останат. И дека сега треба да се фокусираме на централните прашања кои се важни за започнување на пристапните преговори. Ова мора да се направи затоа што нам итно ни е потребен позитивен сигнал за Западен Балкан. Мора да признаеме дека Северна Македонија и Албанија во последниве години постигнаа извонредни резултати. Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција, кој траеше скоро 30 години. Тоа сега треба и да се награди, истакнува германскиот министер. 


Можеби ќе ве интересира

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест