06 Мај, 2024
0.0235

Дињата го подобрува видот и активноста на бубрезите

Објавено во: Стил 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во Европа се познати над 500 сорти на дињи, кои се движат на вкус од многу слатка до речиси горчлива која не содржи шеќер, од оние со многу силен мирис до други со целосно отсуство на мирис.

Различните сорти на дињи можат да го задоволат вкусот на луѓето со различни преференции.

Дињите сепак се и многу корисни за човечкиот организам, го подобруваат видот и активноста на бубрезите.

Ова се должи на нивниот состав. Дињите содржат во просек 4,6-15,8% шеќери, 0,8-4,5% пектинови материи 2,6-6,7% целулоза и хемицелулоза, над 10 mg% витамин Ц, над 12 mg% каротин и минерални соли.

Дињите се добар извор и на витамин B, калиум, магнезиум, железо, калциум и селен.

Дињите го храни тимусот и тироидната жлезда, а нивното добро функционирање доведува до стабилен имунолошки систем. Така конзумирањето на дињите го подобрува тонусот и дава енергија на организмот.

За бремените жени е препорачливо да се консумира диња секој ден.

Сто и педесет грама диња ги задоволува потребите на организмот од фолна киселина за целиот ден, затоа е погоден плод за жените кои планираат бременост, бремените и луѓе со различни хронични болести.

dinja 1

Сортата „канталуп“ е со висока содржина на витамин А, како потрошувачката на една чаша од него обезбедува повеќе од 25% од препорачаната дневна количина. Витамин А е корисен за видот, ја задржува мрежницата на окото, а недостигот води до оштетување на видот.

Дињите има добри диуретик својства и може да помогнат при терапијата на бубрежни заболувања. Зачинета со лимон дињата е многу корисна за болести поврзани со урична киселина.