12 Мај, 2024
0.0248

Diners Club Македонија го прославува својот 30-ти роденден

Објавено во: Мои пари 20 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Под мотото „Кога повеќе значи повеќе“Diners Club ја најави јубилејната година

По 3 децении постоење на пазарот, под мотото „Кога повеќе значи повеќе“, Diners Clubденес го претстави своето лого по повод јубилејот и воедно најави многубројни изненадувања, промоции и награди кои следуваат и ќе се случуваат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за сите постоечки и нови членови. Во склоп на јубилејната година од компанијата најавија и бројни хуманитарни активности и проекти од општествено одговорен карактер.

Diners Club картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата. Уште од 1994 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија, па сѐ до денес, Diners Club постигнува континуиран и стабилен раст. Во Македонија, со Diners Club кредитната картичка може да се плаќаво повеќе од 5000 продажни места и преку 7540 POS-терминали. Компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги со 24/7 корисничка поддршка за своите членови, а како дел од мрежата на Discover е признаена и прифатена на повеќе од 50 милиони продажни места и повеќе од 1,2 милиони банкомати низсветот. Приказната за Diners Club започнува со заборавен паричник и пионер кој видел непознат свет кој чека да биде истражен, а со тоа Diners Club станува првата повеќенаменска картичка за наплата во светот. Наредната година оваа успешна приказна на интернационално ниво ќе одбележи 75 години од основањето.

„Од првиот склучен договор во 1994 година, и првата издадена картичка во 1996 година, нашата визија беше и сѐ уште е да бидеме прв избор кај потрошувачите, да им понудиме многубројни олеснителни околности при купувањето и плаќањето на предмети и услуги во земјата и во странство. Се стремиме да ја развиваме нашата мрежа на продажни места на глобално ниво, унапредување на картичките во чип-картички, и редовно ажурирање на нашата платформа и апликација за да обезбедиме уште подобро и понепречено искуство на нашите членови.Diners Club е повеќе од само картичка, Diners Club е чувство на сигурност, припадност и емоција, а сите оние кои се со нас во овие 30 јубилејни години знаат дека секогаш се стремиме да понудиме повеќе за нашите партнери и членови. Кога повеќе значи повеќе!“ – изјави  Божидар Јанковски, Извршен Директор на Diners Club Македонија.

Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со уште поголем мотив за сите идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извонредна услуга на партнерите, соработниците и членовите.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?