09 Мај, 2024
0.0365

Дипломирала, не нашла работа, па почнала бизнис: Ќе паднеш, ќе станеш и одиш понатаму-нема откажување

Објавено во: Финансии 04 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Пред шест години во Крагуевац отворила агенција за посредување во нудење услуги за чување на деца „Супер мајки“. Подоцна и детски култуно развоен центар во рамки на кој организира школо за глума, музика, сликарство и развоен програм. Ивана Јевриќ вели дека во приватната работа најмногу и недостига слободен викенд но затоа како претприемач може во понеделник да игра тенис ако сака.

Таа вели кога дипломирала на Економскиот факултет во Крагуевац на тема „Транзицијата во Србија и глобалната економсска криза“ претпоставувала дека патот до пристојна работа ќе биде долг но евентуално остварлив. Знаела дека е тешко да се вработи било каде бидејќи долго го истражувала влијанието на економската криза на нејзината земја, што многу брзо се покажало како точно.

Таа година дена била без работа, било каква креативна работа немало во најава, а за првата шанса, како раскажува не исполнувала повеќе од условите. 

Вели, било тешко, посебно кога престанала хонорарно да работи во едно кино. Оттаму и мотивот да започне сопствена работа, споделува Ивана.

Заедно со сопругот во февруари 2011 година тргнала да истражува како да заплови во претпримачки води и така на 8 април истата година веќе регистрирала Агенција за пружање услуги за чување деца.

Вели за да се снајде во оваа работа и помогнало искуството во работа со деца во киното за деца, иако на таа одлука најмногу влијаело тоа што во семејството се родиле тројки.

Што се однесува до капиталот, Ивана посочува дека не и бил неопходен голем капитал, туку и биле потребни толку пари колку да опреми канцеларија а според неа во оваа работа капитал се доследноста, идејата, емпатијата и професионализмот.

Како и за многумина, на почетокот имало препреки, но се трудела да ги решава пред да станат сериозни проблеми.

„Имаше непријатни моменти и солзи, морам да признаат но секогаш си кажував на себе: Паднеш, станеш, ќе ги избришеш колената и одиш понатаму. Нема откажување туку само одиш напред. Ако издвојам нешто како проблем тоа е бирократијата и правните рамки. Но, проблемите се решени“.

Според нејзините зборови, пазар во Крагуевац за овој вид на дејност постои. Има не-директна конкуренција, „баба сервис“, дадилка „на препорака“, градинки, но таа не го доживува тоа како „закана“.

„Она што нас не издвојува е внимателната селекција на дадилки кои поминуваат обука и психолошки тестови. Од друга страна клиентите, односно родителите, од нас имаат гаранција на квалитет и доверлив партнер кои им излегува во пресрет на сите нивни потреби.

Предизвици со кои денес се среќава вели дека има многу но пред се ги препознава во работата со луѓе и конкуренција.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати