28 Април, 2024
0.0293

Директорот за условите во „Шутка“: Дозволено е да се внесува храна од ресторани

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Директорот на истражниот затвор „Шутка“, Ѓоко Котевски, каде во последно време престојуваат и „елитни“ притвореници“, вели дека условите во ќелиите и третманот е еднаков за сите. По објавата на 1ТВ дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, добива топол оброк секојдневно од хотелот „Мериот“, управникот вели дека според прописите, затворениците имаат право да внесуваат храна од надвор, домашна или од ресторан, но таа мора да биде адекватно спакувана и јасно декларирана.

Тој вели дека во моментов казна затвор издржуваат 150 осудени лица, а капацитетот е до 170.

- Согласно куќниот ред, ако зборуваме за притворените лица тие имаат право да се хранат со храна од надвор или од ресторан, но таа мора да биде донесена од страна на лица на нивното потесно семејство или лица кои имаат дозвола од суд. Секако храната мора да биде херметички спакувана со потекло, со декларација да се знае од кој ресторан е купена итн. Во нашиот затвор има и кантина. На притоврените лица нивните најблиски или нивните бранители можат да им уплатат средства на сметка и преку нашата кантина да добијат дел од производите. Кантината е збогатена со производи, ги има сите основни. Морам да напоменам дека во затворот единствен начин да се добие течност – сокови и напитоци, е само преку кантината на затворот – вели Котевски во разговор за МИА.

Тој додал дека самите притвореници може да си ги подобрат условите со тоа што ќе бидат наградени доколку се примерни, но никако не смеат да кориустат мобилни телефони.

Во рамки на процесот на ресоцијализација, осудените лица се работно ангажирани во браварска, столарска, автомеханичарска работилница, земјоделие и во секторот хигиена.


Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење