06 Мај, 2024
0.0259

ДИСБАЛАНС: Која компанија троши 64 отсто од увезениот гас?

Објавено во: Економија 05 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во текот на 2017 година во земјава се увезени 275.072.659 кубни метри природен гас, а од оваа количина 64 отсто потроши комбинираната постројка за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ- ТО АД Скопје. Ова се најголеми годишни количини на природен гас кои што се купени од Русија и претставува зголемување за 28,88 отсто во однос на 2016 година.

Историски највисока потрошувачка на природен гас остварена лани, ја зголеми искористеноста на капацитетот на преносната мрежа во однос на номиналниот капацитет за пренос во износ од 800.000.000 природни кубни метри годишно. Искористеноста на магистралниот гасовод во должина од 98 километри, кој влегува кај Деве Баир од Бугарија, во просек за 2017 година изнесува 34 отсто, додека во 2016 година беше 28 отсто, а во 2015 година помалку од 20 отсто.

- Сепак, треба да се има во предвид дека овој податок е просечен и се однесува за целата година. Искористеноста на системот варира во текот на годината со тоа што во летните месеци е многу мала и се движи во рамките од 5 отсто до 15 отсто, додека во зимските месеци, кога практично е сезона на висока потрошувачка на природен гас, е значително поголема и се движи во опсег од 50 отсто до 80 отсто искористеност на системот за пренос на природен гас- велат во Регулаторната комисија за енергетика.

Во земјава, засега, природниот гас се користи исклучиво во стопански потреби, а најголеми потрошувачи се производителите на електрична и топлинска енергија. Нивното учество во крајната потрошувачка на природниот гас за 2017 година изнесува 81 отсто. По нив следат индустриските потрошувачи, каде што доминантна улога има металната индустрија, со удел од 17 отсто. На крај се дистрибутивните компании со учество во крајната потрошувачка на природен гас од 2 отсто.

По компании, најголем потрошувач на гас е ТЕ- ТО со удел од 64 отсто, а далеку зад нив е комбинираната електрана е компанијата за производство на топлинска енергија „Балкан Енерџи“ со учество од 11 отсто во вкупната потрошувачка. По нив следат индустриските потрошувачи, „Макстил“ со потрошени 19.326.133 кубици гас, односно со учество од 7 отсто, „ЕЛЕМ- Енергетика“ со удел од 4 отсто, „Арцерол Митал“ со 3 отсто и Дирекцијата за технички индустриски развојни зони ТИРЗ Скопјесо 1 отсто. Останатите триесетина македонски фабрики приклучени на гасоводната мрежа заедно трошат 10 отсто од увезената количина.

Поголема потрошувачка на природниот гас и достапност на овој евтин енергенс до домаќинствата се очекува по завршувањето на неколку магистрални гасоводи кои се во градба и поврзување со гасоводните системи на други соседни земји. Државната компанија „Македонски енергетски ресурси“ и оваа година продолжува со градбата на гасоводите во правец на Штип- Неготино- Битола и во правецот Скопје- Тетово- Гостивар.

Во наредните години ГА-МА АД Скопје планира проширување на преносниот гасоводен систем, со кое ќе се овозможи приклучување на нови корисници (во правец на општина Ѓорче Петров), затварање на гасоводниот прстен во град Скопје како и развој на идни стратешки правци и интерконекции со други системи за пренос на природен гас со соседни земји на Република Македонија. Една од нив е делницата „Штип- Хамзали- Стојаково“ - граница со Грција со што ќе се овозможи обезбедување на дополнителни количини на природен гас од друг извор на снабдување, освен од Русија, диверзификација, сигурност во снабдувањето и можност за намалување на увозната цена на природниот гас бидејќи ќе се обезбеди достапност на природен гас од повеќе различни производители и снабдувачи. Реализацијата на проектот кој е во фаза на изготвување на физибилити студијата е во надлежност на „Македонски енергетски ресурси“. Следен е проектот за градење нова директна гасна врска меѓу Бугарија и Македонија, за што владите на двете земји потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во областа на природниот гас.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?