До крајот на 2020 година ќе се воведе државна социјална пензија
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018
Државна социјална пензија ќе биде воведена до крајот на 2020 година. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека засега работат на анализа, при што треба да се дефинира кој ќе може да ја добива ваквата пензија, а потоа ќе се утврди и износот.
Станува збор за лица кои имаат над 65 години возраст, но немаат 15 години стаж.
Државната социјална пензија е ветување од предизборната кампања и е ставено во владината програма. Се предвидува државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело во Македонија и не ги остварува условите за старосна пензија. При тоа во изборната програма на владејачката партија е наведено дека, износот на државната социјлана пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија.