04 Мај, 2024
0.0279

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

Објавено во: Македонија 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Опкружен со најблиските, во својот дом, и покрај силната борба, некогаш еден од најпознатите менаџери во нашата земја, но и на целиот Балкан, почина Велибор Џаровски - Џаро. 

Како што сподели со „Женски магазин“, неговата ќерка Милица Џаровска, по мозочниот удар кој Џаро го преживеал нд 24 март, по што поминал две недели во болница, кај него до последно опстоила желбата за следење на настани и случувања во земајва и соседството. 

- Почина дома, со најмилите. До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше по мозочниот удар на 24 март и две недели поминати во болница. Им благодариме на сите за пораките, да сте живи и здрави. Цела поранешна Југославија ќе има по што да го памети. Еден беше Џаро, за нас најуникатниот татко, сопруг, а најмногу дедо – кажа неговата ќерка Милица Џаровска за „Женски магазин“.

Јавноста ќе го памети како организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари. Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали. 

Велибор Џаровски- Џаро, кој почина утрово, остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање. Беше менаџер во времето кога менаџерството беше непризната професија.

Лани Милица Џаровска ја изаде книгата „Живот на коцка“ посветена на животот на нејзиниот татко. 

За него напиша: Животот на Велибор Џаровски-Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но, играта што ја играше не беше секогаш лесна. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии.

Фото: В.Тануровски

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава