09 Мај, 2024
0.2002

Доаѓа светското Black Friday шопинг лудило, што има кај македонските трговци?

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Соединетите Американски држави како и повеќе земји од Западна Европа се подготвуваат за Црниот петок, денот кога има огромни попусти во трговските синџири за електроника, телевизори, мобилни телефони, таблети и секаков вид на уреди за домаќинство. Во САД особено владее голема шопинг треска бидејќи со Black Friday официјално започнува празничната сезона. 

Самиот ден како празник нема некое посебно државно или верско значење туку е „измислен“ за да оди во прилог на економијата, односно да расте прометот преку купување на евтини производи како и подароци, што е доста слично и со сите празници кои се комерцијализирани и допринесуваат за вртење на милијарди долари. 


Во САД најчесто во трговските центри од големите синџири доаѓа до масовни турканици за да се купат производи кои се на попуст и до 90%. Вакви иницијативи се шират насекаде низ светот, особено низ Азија каде се зголемува трендот на организирање на шопинг лудило за Black Friday и раст на потрошувачката. 

Во Македонија се обидовме да најдеме информации за можни попусти на овој Black Friday кој се паѓа на 24 ноември, но засега на ниту еден поголем македонски маркет или синџир за електроника нема никакви најави за специјален шопинг, ниту пак за нови попусти. Кај Нептун има акција за попуст на одредени производи која ќе трае до утре 22 ноември. Сетек засега нема најава за нова акција туку има само дневна поповолна понуда. Техномаркет исто така има акција за шопинг која трае до утре, па можеби потоа ќе следи нова понуда со попусти, а единствено најава има за пред Black Friday попусти на производи на еден бренд за фрижидери. Кај Анхоч и АМЦ кои продаваат претежно смартфони, лаптопи и компјутерска опрема, освен неколку модели кои се издвоени во акциските понуди исто така нема никакви најави за Black Friday и поголемо спуштање на цените.

Што мислите вие, дали Црн Петок како комерцијален празник треба да се воведе во Македонија, досега неколку пати во македонските трговски синџири имало вакви акции на одредени производи и се покажало дека купувачите се подготвени за шопинг лудилото, па дали ни е потребен развој и на таков вид на економска култура на брендовите за големи и масовни акции во еден специјален ден?

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?