28 Април, 2024
0.0258

Добиј подарок стручна финансиска литература за унапредување на твоето знаење во областа на финансиите

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Финансиите се костурот на една компанија. Токму затоа тимот кој работи со финансии, мора постојано да го унапредува своето знаење и вештини. Нивното надградување преку обуки и личен развој е значајна компонента која придонесува кон сигурен раст и развој на компанијата.

Унапредувањето на финансиските тимови, како и создавањето на можности за идни кадри кои ќе стекнат знаења и вештини за сметководство, даноци, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување се примарната цел на предавачите на Нова консалтинг. Ние овозможуваме вашите вработени да не бидат само обични забележувачи на сметководствени настани, туку да ги совладаат алатките и техниките, кои ќе придонесат во успешно менаџирање со финансиското работење на компанијата.

Кристина Тилиќ пред 10 години ја реализираше својата визија за создавање Центар за едукација, специјализиран за сметководство и финансии- Нова консалтинг. По деценија, таа е задоволна со резултатот кој го постигна. Нејзините колеги и ученици се нејзиното богатство денес. Низ овие десет години, таа активно мотивираше и едуцираше, несебично пренесувајќи го своето знаење, искуство и енергија. Резултатите се:

*  160 реализирани обуки во доменот на сметководството и финансиите

*  3000 задоволни ученици кои стекнаа нови вештини и знаења

Убавиот јубилеј, деценија успешно работење, ја користи како убав мотив да сподели и стручна литература како подарок. Верува дека таа ќе биде инспирација за нови унапредувања и личен развој на сите оние кои работат како човечки ресурси во финансиските сектори.

„И овој септември имате прилика за надградба на своето знаење и вештини, преку нашите обуки. Ние ви нудиме да покажете дека вие сте клучниот ресурс во вашата компанија, кој сигурно ќе влијае врз сигурноста, растот и развојот на вашата компанија“- вели Кристина Тилиќ. Според неа, ново стекнатото знаење и вештини, сигурно ќе придонесат кон унапредување на ефикасноста, квалитетот и иновативноста во финансиското работење.

НАЈАВИ СЕ И ДОБИ ПОДАРОК – СТРУЧНА ФИНАНСИСКА ЛИТЕРАТУРА НА ОВОЈ ЛИНК.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг