Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука
Објавено во: Економија 26 Април, 2024
Слободан Трендафилов од ССМ во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 ги коментираше случувањата со работниците во Непал. Вели дека газдите случаите ги пријавувале во полиција поради измама - затоа што им го платиле патот до тука, а потоа тие избегале во други земји.
Само во текот на овој месец газди од Охрид и Струмица,пријавија исчезнување на две, односно четири жени од Непал во МВР.
„Што правиме ние? Фирмите кои бараат работници им плаќаат пат од Непал до тука, и тие тука остануваат 2-3 дена, и потоа заминуваат по Германија и во другиот западен свет. Потоа се жалеа дека не можеле да ги најдат. Ние не сме робовладетелско општество и не им ги одземаме пасошите или да ги затвораме навечер за да не избегаат. Во Србија две имаше случаи кога буквално во кафез ги држеа работниците од Непал, Индија и Пакистан. Случајот со Албанија требаше да биде доволен показател дека тие не доаѓаат тука да работат, туку сме само попатна станица за кон побогатите европски земји“, рече Трендафилов.