ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: За колку порасна просечната плата?

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2025
Се зголеми просечната плата во Црна Гора. Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто.
Просечната плата без даноци и придонеси во декември била 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска Монстат.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во декември, во однос на ноември, бележат намалување од 0,1 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период се зголемени за два отсто, а ако се знае дека цените лани во однос на 2023 година забележале раст од 3,3 отсто, тоа значи дека реалните плати се зголемени за 7,1 отсто“, се наведува во соопштението.
Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната нето плата изнесувала 876 евра. И Србија сака да го стигне нивото од 1.000 евра просечна плата. Maкедонија има најниски плати во регионот.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Народна банка соопшти колку „тежат“

ТОП ПЕТ: Со кои земји најмногу тргувала Македонија?

ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ: Најголемо поскапување има кај храната и безалкохолните пијалаци

НЕВРАБОТЕНОСТА ПОВТОРНО СЕ НАМАЛИ - стапката падна на 11,9 отсто

ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ - бензините поевтинуваат од два до дваипол денари

КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ: Заклучоци и насоки за иднината

МОНОПОЛОТ ОСТАНУВА, НО ТРЕБА ДА ВОВЕДАТ НОВИНИ – Агенција за пошти со барања до државна Пошта, но и контроли кај приватните оператори

НЕМА ПЛАТИ ВО „ФАКОМ“: Од денес 550 работници во штрајк
РЕВИЗОРОТ ЗАЧУДЕН: Како државно претпријатие „простило“ долг од 2,5 милиони евра
