ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ - бензините поевтинуваат од два до дваипол денари
Објавено во: Економија 07 Март, 2025 13:20
Бензините по полноќ ќе се продаваат по пониски цени, но нема промена кај останаите деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од РКЕ посочија дека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 2,00 денари за литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,418 отсто, кај дизелот за 3,412 проценти, кај екстра лесното масло е за 3,198 отсто и кај мазутот намалувањето е за 1,854 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3912 отсто - се посочува во соопштението на РКЕ.
Од 8.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин Еуросупер БС - 95 75,00 (денари/литар)
- Моторен бензин Еуросупер БС - 98 77,50 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 43,501 (денари/килограм)
Од РКЕ непоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати, а трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




