30 Април, 2024
0.0269

Добро спроведениот процес на менторирање секогаш дава видливи резултати

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Процесот на менторирање ни овозможува својот бизнис да го погледнеме отстрана, со други очи, и на тој начин да отвориме многубројни можности за раст. Еден таков позитивен пример е компанијата „Ѓорго комерц – Кокино вино“ од Куманово, која успешно го заокружи овој процес преку заедничкиот проект за бесплатно менторирање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Во разговорот со сопственикот на компанијата Андреј Петковски и со менторот Јован Стоименовски ви откриваме на кој начин преку програмата за бесплатно менторирање може да се стигне до нови инвестиции и раст.

Инвестиции во проширување на производствените и сместувачките капацитети, пуштање во употреба на ресторанскиот дел и развој на маркетинг-стратегијата се само дел од постигнатите резултати што ги постигна кумановската компанија „Ѓорго комерц – Кокино вино“ преку процесот на менторирање. Низ овој процес ги водеше менторот Јован Стоименовски од Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија - Куманово.


Ѓорѓо комерц ја формиравме во 1991 година и најпрвин почнавме да се занимаваме со трговија на големо и мало со тутунски производи. Во 2005 година ја проширивме дејноста и инвестиравме во винарница. Во 2017 година се насочивме кон развој на винскиот туризам и угостителство. Инвестиравме во сместувачки капацитет во самата винарница. Крајна цел ни беше да го комплетираме целиот комплекс со голем број содржини за уживателите на вино и за релаксирање на семејствата“, објаснува Андреј Петковски, сопственик на компанијата. Петковски објаснува дека токму во моментот кога како компанија влегле во голем број инвестиции, се јавила потребата од ангажирање ментор. Тогаш и дознале за програмата за бесплатни менторски услуги.

Според менторот Стоименовски, преку процесот на менторирање биле постигнати значајни и видливи резултати за компанијата, а покрај пронаоѓањето механизми за новите инвестииции, се работело и на подобрување на организацијата на работењето, како и на пронаоѓањето начини за ангажирање нови стручни работници за потребите на компанијата, со цел да се креира еден силен и одржлив концепт за развој на компанијата.

„Главните  предизвици со кои се соочивме во компанијата Ѓорѓо комерц – Кокино вино беа, прво, немањето реален концепт за натамошно проширување и зголемување на работата на компанијата преку нови вложувања и инвестиции во дејноста, развивање на ресторантското работење како додадена вредност и негова поврзаност со сместувачките капацитети и сопствената винарница на компанијата, зголемување на бројот на идни потенцијални туристи, недостиг на современи маркетинг-процеси за промоција на компанијата, со акцент на квалитетна веб-страница и социјални мрежи, потреба од ангажирање стручен кадар за самостојно водење на бизнисот независно од самиот сопственик“, објаснува Стоименовски. Во процесот, како што нагласува Стоименовски, сите овие предизвици биле успешно надминати.

Инволвираноста и отвореноста на компаниите кон процесот се клучни за успех

Од неговото долгогодишно искуство како ментор и од искуството со „Ѓорѓо комерц“, впечатокот на Стоименовски е дека компаниите во земјава се заинтересирани за секаков конструктивен начин на соработка, со можност да се отворат и следни потенцијали за соработка со нив, но нагласува дека за успешен процес, најважна е нивната инволвираност.

„На компаниите од самиот почеток им е јасно дека колку повеќе се инволвираат, толку поголем резултат ќе има самото менторирање, и поради тоа, нормално им доаѓа да соработуваат квалитетно во самиот процес. Компаниите секогаш имаат потреба од овој тип услуга и реално максимално соработуваат со менторот“, нагласува Стоименовски.

Тој уште потенцира дека искуството со „Ѓорѓо комерц“ било многу солидно и успешно.

„Самиот процес на менторирање беше квалитетно презентиран и прифатен во сите фази на работата. Сите можни предизвици беа детално разгледени и нивните можности за решавање беа точно дефинирани преку работа со специјализирани јапонски алатки што ги нуди програмата.Целиот процес на менторирање се одвиваше врз основа на реални документи и издржани предлози и методологии за натамошни акции на компанијата“, заклучува Стоименовски.

И Петковски се согласува дека само со отвореност и со прифаќање промени, еден ваков процес може да биде успешен, а токму тоа е најголемиот предизвик за семејните компании како што е неговата, кои многу тешко се адаптираат и прифаќаат промени.

„Јас ја прифатив оваа програма бидејќи по природа сум човек што прифаќа и анализира мислења од лица што се добро упатени и обучени во некоја област. Што се однесува за други компании, мое лично мислење е дека особено помалите и семејните фирми се движат по пат што одамна е испланиран и не се поместуваат од таа траса, без оглед на случувањата во околината. Секако дека ова не се однесува за сите, но тоа во денешно време ја прави разликата меѓу компаниите што прифаќаат иновации и промени и сакаат да одат напред и компаниите што заостануваат во развојот“, вели Петковски

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024