ДОДЕКА ДА СЕ СВРТАТ ГРАДОТ БЕШЕ ПОЛН СО КИНЕЗИ: Италијански регион има проблеми
Објавено во: Свет 10 Март, 2017
Градот Прато бил седиште на текстилната индустрија, имало 8000 компании кои правеле промет од 7 милијарди евра.
Од почетокот на векот поради евтината стока од Азија пола од фабриките се затвориле.
Но, тоа не е најлошо. Тука имале инвазија на Кинези, кои се доселиле, но имаат и поинаков начин на работа. Работат по 18 часа за 40 евра.
Во овој дел на Италија сега имаат 2.800 компании кои се на кинески газди.
Освен легалните 11.000 Кинези, се проценува дека илегално во овој регион престојуваат уште 50.000 Кинези.
Од Прата за Кина дневно одат 1.5 милиони евра, а годишно тоа е сума од 2.3 милијарди евра.
Ова ги нервира Италијанците, посебно затоа што Кинезите избегнуваат да платат данок.