06 Мај, 2024
0.0224

Додека кај нас се толерира, државите од регионот гo решија проблемот со злоупотреба на Екстра лесното гориво

Објавено во: Економија 23 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Злоупотребите со екстра лесното гориво државите од регионот веќе ги имаат решено со повеќе механизми. Во Србија има акциза на „нафтата за домаќинство“ така што неговата цена речиси се изедначува со цената на еуро-дизелот на бензинските станици, додека во Хрватска бензинските станици мора да водат точна евиденција на вкупно продаденото гориво за греење по купувач и податоците ги доставуваат до царинската управа.

Додека нашите институции имаат проценки дека со изигрување на сегашната правна рамка на пазарот како гориво за транспорт завршуваат околу 45 милиони литри екстра лесно гориво за греење, државата не презема мерки за сузбивање на сивата економија иако буџетот губи повеќе од 11 денари за секој литар Екстра лесно гориво што се троши како дизел за транспорт.

Статистиката покажува дека годишно во нашата држава се трошат 50 милиони литри Екстра лесно гориво ЕЛ-1, додека за да се задоволат годишните потреби на домаќинствата потребни се не повеќе од пет милиони литри.

Поради зголемениот увоз на екстра лесно гориво во споредба со евидентната потреба на домаќинствата во Србија од 2012 година на сила е акциза на „нафтата за домаќинство“ така што неговата цена речиси се изедначува со цената на еуро-дизелот на бензинските станици. Граѓаните и фирмите кои ќе достават уредна документација дека екстра лесното го користеле за законски предвидената намена државата им го враќа акцизниот дел.

Во Хрватска од почетокот на 2019 година на сила е нова регулатива поврзана со Екстра лесното гориво за домаќинства што ги обврзува сите корисници задолжително да се запишат во регистар на потрошувачи што го води надлежната царинска управа. Бензинските станици водат евиденција на сите купци на нафта за греење или син дизел. Без упис во регистарот граѓаните не можат да купат екстра лесно од бензинските станици, а царинските службеници го контролираат наменското трошење, така што, имаат законско право да извршат проверка на системот за греење во домот. Дополнително со законот се забранува и продажба на екстра лесно од 30 април до 1 октомври.

Во Босна и Херцеговина поради постојаниот раст на потрошувачката на екстра лесно гориво, особено во летниот период, кога тоа не се користи за греење, како и јавната тајна за бензински станици на кои можете директно во возилото да наточите екстра лесно гориво од мај 2016 година на сила е нов закон според кој екстра лесното гориво на бензинските станици забрането е да се точи директно и мора да биде во специјални резервоари одделно од останатите погонски горива, од каде мора да се доставува исклучиво со авто-цистерни на адреса на купувачот. 


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот