Додека работел на нива го погодил залутан куршум
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2020
Залутан куршум повредил маж кој работел на нива.
Станува збор за педесетгодишен маж од селото Карбинци.
Настанот се случил пред два дена, а мажот е повреден во пределот на десната натколеница.
Во Медицинскиот центар Штип му е укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Но, ова не е единствен ваков случај деновиве.
Момче од Арачиново на возраст од 25 години со прострелна рана во нозете е донесено во Градската болница во Скопје. Додека се движел низ селото почувствувал болка, и бил погоден од куршум.