04 Мај, 2024
0.0254

Доделени наградите „13 Ноември“ од Сојуз на спортови на Скопје

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Денес, на официјална свеченост по повод денот на ослободувањето на Скопје, „13 Ноември“, Сојуз на спортови на Скопје додели награди за најзаслужните спортисти и спортски работници во градот. Признанијата и наградите се должат на нивните успеси, но и на печатот кој го оставаат во спортот низ годините.


Бобан Илиоски, член на клубот „Шампион“ е најдобриот спортист на Скопје со своите резултати во кик – боксот во Македонија и пошироко. Тој има освоено две први места на европски купови и едно второ место на светски куп. Дејан Митровски е најдобар тренер во клубот „Шампион“ за неговата работа со Илиоски и Викторија Варадинова. РК „Вардар“ е најдобар клуб на Скопје, а Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венислав Недев ја добија наградата за животно дело, додека најдобар професор по физичко е Мартин Мартиновски од ООУ „Партение Зографски“. Зоран Поповски е најдобар спортски судија, Ласте Димитриевски од Нова Македонија е најдобар спортски новинар, Перица Крстевски, Никола Тасев, Гордана Николовска се најдобри спортски работници и Дарко Каевски, директорот на Агенција за млади и спорт е најдобар општествено спортски работник/функционер.


„Спортот го создава секојдневието, делата и одлуките. Со тоа што луѓето ги следат своите омилените клубови и спортисти добиваат храброст и надеж да постигнат сѐ што сакаат од животот. Овогодинешните наградени се за тие кои ја даваат енергијата да се спортува, да се биде здрав и да се покорат предизвиците.“, истакна Ѓорги Кузмановски, претседател на Сојуз на спортови на Скопје.

Сојуз на спортови им порачува на сите да продолжат да го негуваат спортот и здравиот начин на живеење.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото