26 Април, 2024
0.0416

Доделување на сертификатите на учесниците во програмата „Ден со македонските водечки извршни директори"

Објавено во: Мои пари 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги додели сертификатите на учесниците во програмата „Ден со македонските водечки извршни директори".

 
-  Доделување на сертификатите е еден вид признание за тоа што сте го стекнале како искуство, знаење и вештини престојувајќи заедно со едни од најуспешните  менаџери во Македонија. Допрва ве очекува она што сте го научиле и што сте го стекнале да го применувате во животот, рече претседателот Иванов, порачувајќи им искуствата да ги пренесуваат на нивните блиски и пријатели.

Македонскиот претседател ја поздрави иницијативата за спроведување на овој проект, што се реализираше под негово покровителство, а во организација на Советот на странски инвеститори од  Стопанската комора на Македонија, изразувајќи надеж дека менаџерите вклучени во проектот успешно ги пренеле нивните искуства и знаења на учесниците и дека оваа иницијатива ќе продолжи во Македонија.
 
-  Целта е, знаењето што го стекнавте да го примените во Република Македонија и да ги поттикнете и охрабрите другите дека во Македонија има успешни компании, кои благодарејќи на Советот за странски инвестиции ја реализираа оваа идеја, истакна македонскиот Претседател. 
 
Задоволство од реализацијата на програмата изрази и претседателот на Советот на странски инвеститори во Македонија, г.  Штефан Петер, кој  се заблагодари на претседателот Иванов за поддршка на оваа иницијатива и им порача на учесниците дека е најважно да имаат идеја и да опстојуваат на нејзино остварување. 
 
Девора Велинов, една од учесниците во оваа програма нагласи дека искуството кое што го стекнале на средбите со менаџери е многу значајно и дека секој менаџер ги научил и им пренел некоја различна лекција. 
 
Во програмата учествуваа 13 студенти од додипломски, постдипломски и докторски студии од областа на правните и економските науки, бизнис администраци, електротехника и информациски технологии, електроенергетика и архитектура. Студентите имаа можност непосредно да се запознаат со работниот ден на менаџерите, да навлезат во процесите на водењето на една компанија и да се стекнат со знаења, практични искуства и вештини во насока на развој на нивниот претприемачкиот  дух.
 
Оваа програма се реализираше за прв пат во Република Македонија во периодот од април до август 2018 година, а меѓу успешните менаџери коишто ја спроведуваа обуката се Штефан Петер од ЕВН Македонија, Ирена Јакимовска од „Комфи ангел", Волфганг Марингер од „Арчелор митал", Владимир Косијерод од „Пивара Скопје" и Аврам Стојчевски од „Ван Хол".

Можеби ќе ве интересира

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи