08 Мај, 2024
0.0415

Додик бара поголема автономија за Република Српска

Објавено во: Балкан 15 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Милорад Додик вели дека Република Српска сака поголема автономија и да ѝ бидат вратени надлежностите што ги имаше со Дејтонскиот договор. 

Додик вели дека доколку бидат исполнети овие барања, тогаш Република Српска ќе нема потреба да ја напушта БиХ.

„Тоа не е нејасна, ниту нефер политичка цел“ - изјави Додик во интервју за загребскиот весник „Вечерњи лист“.

Додик потенцира дека иднината на сите граѓани на БиХ треба да биде насочена кон мирот, затоа што „е подобро да се живее и ваков тежок живот, отколку да се влезе во хаос“.

„Хаосот и насилството нема ништо да решат. Но, политичките процеси и разбирањето можат да подобрат многу работи“- вели Додик. 

Според него, би било фер босанските Хрвати да се чувствуваат „свои на своето“, што би се овозможило со создавање на трет хрватски ентитет во Босна и Херцеговина. Додик вели дека не е против никого и дека секој треба да биде свој на своето. 

Тој оценува дека создавањето на таков трет ентитет, кој би ги имал истите права како што сега ги имаат Република Српска и Федерацијата БиХ, би ја зајакнало позицијата на Хрватите во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана