02 Мај, 2024
0.0258

ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: Ќе има ли бенефити за македонската економија?

Објавено во: Економија 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Потпишаните договори за соседството се секогаш во прилог на економијата бидејќи добрите релации отвараат повеќе можности за подлабока соработка како на ниво на држави така и на ниво на бизниси, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија за договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој на 1 август го потпишаа премиерите, Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје.

„Бугарија за нас е важен партнер бидејќи е во топ 5-те земји со кои имаме трговска размена и секако дека ако се има заедничка визија ќе може да освоиме повеќе пазари. Круцијална е и темата на гасификација која за нас значи поефтин енергенс, ефикасност и конкурентност на нашите компании во меѓународниот пазар. Овој договор обезбедува исто така подобрување на транспортните врски и комуникација, поедноставување на граничните и царинските процедури како и распределба на средствата за регионална и прекугранична инфраструктура“ – велат од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Дел од економистите коментираат дека иако има членови  од договорот кои се однесуваат на економијата, според нив тоа е декларативно, а времето ќе покаже на кој начин тоа ќе се спроведе во пракса.

Но, има и оптимистички прогнози дека ова може да биде чекор напред на економски план.

„Секоја добра мисла, секој чекор напред којшто е ставен на хартија за економска соработка е добар за нас за разлика од фаза на стагнација“ – вели Валентина Дисоска, од Здружението на бизнис жени на Македонија.

Двете договорни страни ќе се стремат кон олеснување на царинските и граничните формалности за патниците и стоките, кои се движат меѓу нив, се наведува во договорот.

„Имајќи ја предвид нивната географска блискост, двете договорни страни ќе се стремат да создаваат неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување на најшироко можно движење на стоки, услуги и капитал. Тие ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна заштита.Двете договорни страни ќе го поддржуваат зголемувањето на туристичката размена, како и развојот на соодветни форми на соработка во областа на туризмот.Двете договорни страни ќе ги прошируваат и усовршуваат транспортните врски и комуникациите меѓу нив, вклучително во рамките на регионалните инфраструктурни проекти“ – пишува во договорот.

Лани над 500.000 туристи од Македонија ја посетиле Бугарија, а 350.000 Бугари  ја посетиле нашата земја, но со развивање на соработка, овие бројки може да бидат надминати. 

Во периодот јануари-јуни 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање