ДОЈДЕТЕ ВИЕ КАЈ МЕНЕ ВО БОСНА: Сурова приказна за девојка на која во Германија и ветувале работа
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2017
Многу млади луѓе од БиХ разочарани од состојбата во својата земја побарале работа во Германија.
Многу од нив се обратиле на своите роднини, но тоа не вродило со плод.
Taка една девојка со писмо објасни како блиските ѝ ветувале работа и дека ќе ја „спасат“ со тоа што ќе ја примат кај нив во Германија.
Но, одговорот бил разочарувачки кога требала да замине.
„Засега е малку поинаку, не е како претходно за работа. Пред месец дена ми бараа човек за работа во хотел за чистење, но сега е полно, имаат доволно луѓе. Сега сите бараат да се знае јазик, ајде научи германски јазик, па тетка ти ќе ти се јави“- раскажува во писмото.
Роднините и објасниле дека има работа во земјоделство, но без сместување.