05 Мај, 2024
0.0259

Докажано: Канабиноиди како во марихуаната има и во мајчиното млеко

Објавено во: Стил 15 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Неколку големи студии докажаа дека мајчиното млеко во својот состав има многу видови канабиноиди, какви се наоѓаат и во марихуаната, кои всушност се многу важни за правилен човечки развој.

Во човечкиот организам има протеини познати како канабиноиди рецептори, кои се наменети за обработка на канабиноиди како тетрахидроканабинол (THC), еден од главните активни состојки на марихуаната.

Мембраните на ткивата во организмот содржат канабиноиди рецептори кои го штитат ткивото од вируси, штетни бактерии, рак и други малигни заболувања и се активираат со канабиноиди и различни видови на храна.

Мајчиното млеко е богат извор на ендоканабиноиди, специфичен вид на неуромодулаторни липиди кои реално го стимулираат рефлексот за цицање кај бебето.

Новороденчето што се дои, добива одредена доза канабиноиди, какви што има и во марихуаната, кои го активираат центарот за глад и стимулираат растот и развојот.

Дел од истражувањата кои се направени за составот на едноканабиноидните рецептори, кои се објавени во европските списанија за фармакологија го наведуваат следново:

„Ендоканабиноидите кои се откриени во млекото на мајката и активацијата на СВ1 (канабиноиди рецептор тип 1) се решавачки за процесот на цицање млеко со активирање на орално-моторната мускулатура. Здравствените последици од сето ова се далеку сежни и ветуваат користење на канабиноиди во иднина во педијатриската медицина во одредени состојби како цистична фиброза“.

Д-р Нагаркати направил претклинички студии врз глувци, со кои ја докажал својата теорија дека канабиноиди од лековите имаат можност да дејствуваат на рецепторите во мозокот, и да испраќаат сигнали до клетките на ракот да извршат „самоубиство“.

Истражувачите укажуваат дека тетрахидроканабинол „THC“ од канабис може да се користи за лекување на рак на белите дробови.

kanabis mleko

Канабиноидите од мајчиното млеко имаат исто својство со оние кои се наоѓаат во свежо исцеден сок од марихуана.

Сето ова укажува дека на човечкиот организам му е потребен канабиноидит. Истите имаат клучна улога во заштитата од болести, зајакнување на имунитетот, го штитат мозокот и нервниот систем, ги намалуваат болките и воспалителните реакции и уште многу други бенефиции.