Добивај вести на Viber
Вкупната вредност на парите кои граѓаните на Русија ги должат на домашните банки до крајот на оваа година би можела да порасне на 10 билиони рубљи, односно 222 милијарди евра.
Причината за растот на долгот на граѓаните кон банките е експлозијата на потрошувачките кредити во последно време, поради што економистите предупредуваат на можни потреси на пазарот доколку овој тренд излезе од контрола.
За девет месеци оваа година, обемот на потрошувачките кредити во Русија пораснал за 36 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на луѓе со четири и повеќе кредити е речиси удвоен, потсетуваат медиумите.