28 Април, 2024
0.0270

ДОЛЖИМЕ 6,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - за девет месеци јавниот долг натежнал за една милијарда евра

Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

За само девет месеци јавниот долг на земјава се зголемил за над една милијарда евра, или за 11,3 процентни поени како учество на бруто-домашниот производ на државата.

Ова го покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии кои се оденсуваат на периодот заклучно со третиот квартал од годината. 

Или, на крајот на годинава вкупниот јавен долг на земјава достигнал 6,57 милијарди евра, што е за 1,03 милијарди евра раст во однос на крајот на 2019 година. 

Главнма причина за раст на долгот е ковид кризата во земјава, која ги зголеми потребите од финански средства и за здравствениот систем, и за мерките за помош на економијата, особено за компаниите кои настрадаа поради рестрикциите.

Притоа, во првите девет месеци од годината долгот најмногу порасна како последица на земената еврообврзница од 700 милиони евра. Всушност, ако се погледнат внимателно податоците, може да се забележи дека задолженоста на земјава најмногу се зголемила во вториот квартал од годинава, за дури 967 милиони евра, додека во третиот квартал имаме пораст од близу 45 милиони евра. 

Изразено како процент од БДП, на крајот на септември годинава јавниот долг учествувал со 60,7 отсто во БДП, откако на крајот на минатата година тоа учество беше пшод 50 отсто, и изнесуваше 49,4 проценти. Границата од 60 проценти од БДП, што е всушност и Мастрошкиот критериум за долгот, беше надмината на крајот на вториот квартал од годинава, кога тој достигна 60,3 проценти од бруто домашниот производ. 

Инаку, надворешниот долг пораснал 724 милиони евра, а внатрешниот се зголемил за 307 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување