04 Мај, 2024
0.0250

„Дона“ и Калиопи вечерва настапуваат на „Евросонг“

Објавено во: Стил 12 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Македонската „Дона“ и Калиопи Букле вечерва ќе ја преставуваат Македонија на Евровизија 2016.

13164301_10154253047608395_4958197251014465231_n

Домаќин на спектаклот кој се одржува по 61 пат овој пот е Шведска, односно Стокхолм.

Калиопи на втората полуфинална вечер ќе настапи под реден број осум а на Евровизија настапува по втор пат.

13179273_10154253047233395_7503823696871064352_n

Во 2012 година со  „Црно и бело“ Калиопи успеа да се пласира во финалето.

Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери. Од првата полуфинална вечер пласман во финалето изборија претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта.

13151988_10154253047653395_5231428518612862259_n

Шведска по третпат е домаќин на „Евросонг“.