26 Април, 2024
0.0309

Донаторска акција „Нахрани 10.000“

Објавено во: Мои пари 15 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Здружението „Сите сити“ во Црвен Крст на Република Македонија е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Целта е на граѓаните да им се даде можност да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Хуманитарниот чин ќе се случи на 16 април по повод „Неделата на солидарноста“ и ќе започне во 10 часот и ќе трае до 18 часот. Акциите ќе се случуваат на 29 локации во 10 града во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија.

Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Според Државниот завод за статистика во Македонија имаат проблем да обезбедат храна 445,099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат околу 12.000 тони вишок храна што претставува за околу 26 000 граѓани да имаат по три оброка дневно. Нејзината вредност се проценува на најмлаку 11.6 милиони евра што може да се искористи како нова програма за социјална заштита. 

Организациите членки на „Сите сити“ водат евиденција на различни категории на социјално загрозени граѓани, кои имаат потреба од оваа храна. Храната ќе се пренесува во вид на неделни/месечни пакети. Дел од храната граѓаните сами ќе ја подигнуваат, дел ќе се носи до нивните домови. Податоците со кои располагаат организаторите за тоа кои семејства се социјално загрозени се добиени директно од Заводот за статистика во однос на просечни примања по 4-члено семејство во Македонија. Кога ќе се распредели во денови и оброци, а притоа се спореди со цената на чинење на еден нутритивен оброк определена од Министерство за труд и социјална политика, 1 од 5 луѓе во Македонија не може да си ги дозволи сите оброка во текот на една година.

Според најновата студија на „Програмата на Обединетите Нации за животна средина“ (УНЕП), една третина од произведената храна во светот или околу 1.3 милијарди тони завршува како отпад. Македонија и покрај својата специфична социјална и економска ситуација, не се разликува од трендовите во развиените земји на фрлање храна. Околу 30 проценти од храната произведена или увезена во Македонија, никогаш не се консумира, бидејќи се расипува веднаш по берењето, во текот на транспортот или на крајот во отпад ја фрлаат големите трговски синџири и потрошувачите. Покрај тоа што сме држава која се соочува со висока стапка на сиромаштија и социјална несигурност, според „Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации“ (ФАО), ние сме рангирани на осмото место во светски рамки по количина на фрлена храна според бројот на жители. Со намалувањето на количеството отпад од храна и дистрибуцијата на вишокот храна на луѓето на коишто им е потребна, Македонија може да го намали проблемот со гладот и сиромаштијата.

Локации и граѓански организации

Skopje City Mall - Red Cross Skopje

Тинекс Зебра (Општина Центар)- Здружение ХОПС - Опции за здрав живот

Гиго маркет - Драчево-  Св. Спас - Драчево

Веро Тафталиџе- Св. Спас - Драчево

Гиго маркет - Радишани - Св. Спас - Драчево

Тинекс на бул. Борис Трајковски (Првомајска) во Скопје- Св. Спас - Драчево

Веро Џамбо- Св. Спас - Драчево

Тинекс  во Ново Лисиче- АДРА Македонија

Кит-го Автокоманда- Кризен Центар Надеж

Тинекс (кај Драмскиот театар Скопје)-  Организација на жени- Скопје

Тинекс Карпош 3- Љубезност

Веро 2 Педагошка- Љубезност

Капитол мол-„Подади рака за хуманост, Асоцијација за права на деца и младинци сопосебни потреби - ЛАСТОВИЦА"

Тинекс во Ченто-СОС Детско село

Тинекс на ул. АСНОМ б.б. (Битола)  "Организација на жени- Битола, Црвен Крст Битола, „Утешител“- Битола"

"Тинекс на ул. Захарија Шумљанска 5 "-

Организација на жени- Битола, 

Црвен Крст Битола,  

„Утешител“- Битола"

Тинекс (центар)- Црвен крст Куманово

Елида маркет (кај Стопанска банка)- Црвен Крст Куманово

Кај споменикот на Марко Цепенков во Прилеп- Црвен Крст Прилеп, Здружение на телесни инвалиди

Градски плоштад пред супермаркет Тинекс-

Здружение Романо Вило - Кочани

Црвен Крст- Кочани

Месност "Стришани" пред маркет Моневи

Маркет Здравец- Здружение за помош и поддршка на лица со даунов синдром - ВЕРА, Црвен Крст Струмица

Струмица Бул. Маршал Тито меѓу маркетите Тинекс и Црвена ружа- Здружение за помош и поддршка на лица со даунов синдром - ВЕРА, Црвен Крст Струмица"

Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“- Црвен Крст Радовиш

Централ Макпрогрес (кај стариот плоштад) во Виница- Црвен Крст Виница, Здружение Одигитрија Виница

Пред Жито Маркет во Виница-  Здружение Одигитрија Виница, Црвен Крст Виница

Пред Монтенегро мегамаркет  Црвен Крст Гостивар

Пред ETC маркет во Гостивар- Црвен Крст Гостивар

Плоштадот во Гевгелија-  Црвен Крст Гевгелија


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет