05 Мај, 2024
0.1482

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

Поттикнати од постојаните предизвици при адаптирање на новите интернет трендови со кои се соочуваат едукаторите, СмартАП - Лабораторија за социјални иновации го креираше првиот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“.

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување. Подготвен од одбрана група експерти во областа, новиот „Тренинг за сајбер безбедност на едукатори“ е кериран со цел да се создадат системски решенија и механизми за справување со интернет заканите. 

Тренингот првенствено е наменет за еудкаторите и стручните соработници, но преку дополнителните ресурси понудени во рамки на модулите на овој курс, знењата и вештините индиректно се пренесуваат и до учениците, а преку нив и до родителите. Опфаќањето на важниот и често посочуваниот комуникациски триаголник: наставник-ученик-родител го прави курсот релевантен и сестран. 

Со цел директно запознавање на едукаторите со содржината на курсот, овој четврток, на 25 април, со почеток во 18:00ч., тимот на СмартАП - Лабораторија за социјални иновации, ќе го одржи првиот ЕДУЛАБ-вебинар Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едуатори“.

ЕДУЛАБ-вебинар: Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“, Марко Палоски, предавач 

Основите на интернет безбедноста, нејзините принципи и видови измами, начини за справување со нив, како и создавањето, управувањето и одржувањето безбеден интернет идентитет и безбедното споделување информации и фотографии на интернет, се соржините што ќе бидат опфатени на овој ЕдуЛаб-вебинар. 

Учеството на вебинарот е бесплатно, со задолжителна регистрација преку следниот линк. Работниот јазик на овој вебинар е македонски, со симултано толкување на албански јазик. Драги едукатори, направете го првиот чекор кон зајакнување на вашите знаења и вештини. Бидете дел од претстојниот вебинар и детално запознајте се со содржината на курсот кој ќе ви помогне полесно да ги надминете предизвиците на приспособување кон постојаните промени и интернет трендови. #датум: 25.04.2024 #време: 18:00 - 19:00 ч. #линк за регистрација преку ZOOM: https://tinyurl.com/srh35763 Се гледаме на вебинар! 

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ