29 Април, 2024
0.0272

Досие: Антикорупционерката Слаѓана Тасева - полициски аналитичар, несуден политичар, дежурен критичар на власта

Објавено во: Финансии 28 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Препознатлива како најгласен критичар на корупција, жена која не ги менува ставовите ниту фризурата. Најактивен актикорупционер секогаш присутен во јавноста, но без некои импресивни резулатати. Жена која отворено се конфронтира со актуелни политичари и остава впечаток дека ужива во тоа. Тасева е меѓународно признат експерт за перење пари, финансиска корпуција и организиран криминал 

Слаѓана Тасева повторно ја разбранува јавноста. Најпознатата македонска антикорупционерка овој пат со поднесени кривични пријави за одговорни лица кои управуваат со стечајот на „Фени Индустри“. И кулминацијата што ја зовре домашната јавност: по јавно искажаниот став дека се сомнева за влијание на вицепремиерот Кочо Анѓушев врз одлуките во стечајот на „Фени“ за кој Тасева тврди дека не е воден законски.

Тасева денеска целосно влезе во фокус на јавноста откако на својот ФБ профил го прозва Анѓушев дека на прием во една амбасада и се заканил! Тасева потенцираше дека кога Анѓушев и рекол дека ќе ја тужи и ќе оди до крај покрај него стоел неговиот бодигард (веројатно за да предизвика посилна емпатија кај јавноста)

Слаѓана Тасева го гланца својот имиџ – постојано ја критикува власта!

Неодамна Тасева презентирајќи и коментирајќи го  најновиот извештај за рангот на Македонија на листата на „Транспаренси Интернационал“ на кој нашата земја бележи пад за 17 места според индексот за перцепција на корупција односно од 90 на катастрофално 107 место. Тасева напоменува дека Македонија никогаш не била толку лошо рангирана.-Власта не презема ништо конкретно за справување со корупцијата, а уште повеќе мислам дека проблемот со заробената држава остана и оваа власт не се справува со сите оние кои што ја држат заробена државата и во рамките на администрацијата и во рамки на судството и она што е најтешко за нас за сите и за економијата е заробеноста на финансискиот и банкарскиот сектор. Сеуште се постапува врз основа на интереси дали се тоа лични или политички, а не на основа на јавниот интерес, вели таа.

Која е Слаѓана Тасева?

Во јавниот живот Слаѓана Тасева е доктор по кривично право. Јавноста ја памети како лице што најчесто и најдолго критикува за корупција во македонското општество. Таа беше претседател на Антикорупциската комисија. Ја паметите и како директор на полициската Академија која доби отказ во 2008 година во време на ВМРО-ДПМНЕ.Кариерата ја почнала во МВР, го калела занаетот долги години како аналитичар во МВР. Во моментов, Тасева, е шеф на невладината организација „Транспаренси“. Знаеше да го привлече вниманието на јавноста критикувајќи ја власта, знаеше да поднесува кривични пријави, во јавноста со упорноста и доследност изгради имиџ на главен борец против корупцијата. Критикувана и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ, Тасева изради имиџ на жена на која никој од политиката не може да и земе мерка. Помеѓу многубројните клинчови со актуелни политичари го паметиме „бојот“ со Зоран Ставрески тогашен министер за финансии како најпрозиван за неподнесувањето на извештај за финансирање на тогаш владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Секако без судски епилог. 

Последно и најсвежо е кога Тасева јавно негодуваше за распуштањето на последниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата притоа обвинувајќи го СДСМ дека тоа е политички мотивиран притисок врз антикорупционерите избрани од ВМРО-ДПМНЕ и тоа заради запирање на некои постапки против актуелни функционери.

Уште еден интересен пример е критиката од СДСМ во 2006 година затоа што антикорупциската комисија затоа што не постапувала во врска со критика за становите на мајката на тогашниот премиер Никола Груевски.

Политичка хајка или злоупотреба? 

Нетрпес од мај 2013 година повикувајќи се на ТВ Сител  објави дека Слаѓана Тасева ја оштетила Полициската академија за 223.000 денари додека беше нејзин директор. Според документи од 2007 година кога Тасева ја раководеше академијата неовластено бил извршен превод на прирачник без писмена согласност од авторот и без одлука од наставно-научниот совет. Полицијата отворила сомнеж дека некогашната антикорупционерка ги сторила делата непотизам и злоупотреба на должност по кои најчесто постапуваат антикорупционерите. Наводно документите од истрагата покажале дека парите за преводот  завршиле на контото на екс-анткорупционерката и нејзината ќерка Викторија.  Што всушност се правело? Според сомневањата на полицијата Тасева доставила барање до авторската агенција „Агрил“ со кое побарала од страна на агенцијата да биде изготвен збирен авторски договор со фактура. Откако агенцијата го изготвила договорот, во функција на директор на факултетот склучила договор за вршење повремени работи, во кој таа, нејзината ќерка, професорот Димитар Пандев и Светлана Смилевска биле наведени како лица кои ќе ја извршуваат услугата со бруто износ од речиси 127 илајди денари. Изворите од истрагата покажуваа исто така  дека Тасева неосновано префрлила средства по истиот договор за авторски услуги за себе и за нејзината ќерка Викторија во износ од 42 илјади денари. Веднаш откако парите за услугите легнале на сметката на агенцијата, биле трансферирани на трансакциските на Тасеви, Пандев и Смилевска. Документите, кои ги презентира Сител, покажуваат дека биле склучени и договори за печатење, публикација и компјутерска обработка. Ова „Сител“ го објави неколку дека откако Тасева беше избрана од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски да спроведе ревизија на проектот „Скопје 2014“. Колку што е познато на јавноста судски епилог на овие сомневање немало.

Обид за политички ангажман

Тасева направи обид да се кандидира за претседателските избори во 2010 година. Таа најави своја кандудатура направи изборен штаб, но по некое време се откажа од акцијата затоа што не успеа да собере 10.000 потписи.

Транспаренси Интернационал ја одзеде акредитацијата за Македонија заради нетрпеливоста меѓу Тасева и Орданоски

Можеби најголем и единствен блам на Тасева е далеку од корпутивните активности. Нарушени меѓучовечки односи заради кои во октомври 2006 година Транспаренси Интернационал одлучи да и ја одземе акредитацијата на Транспаренси Македонија. Тоа се случи по скандалозните превирања и групирања и јавната нетрплеливост и меѓусебни обвинувања меѓи Слаѓана Тасева и Сашо Орданоски. Тогаш Тасева со Мето Јовановски ја формираа Транспарентност МК. Сепак по определено време и низа активности Слаѓана Тасева сега е претседател на „Транспаренси Интернешнл“ за Македонија, а интернационалната организација ја реотвори својата филијала во Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување