02 Мај, 2024
0.0268

Драган Миновски разрешен поради вработувањето на синот на Мира Дизел и ќерката на Талат Џафери

Објавено во: Економија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Драган Миновски денеска беше предложен за разрешување од страна на премиерот Зоран Заев како директор на најбогата државна компанија АД ЕЛЕМ, а тој на својот профил на Фејсбук меѓу редови објави дека си заминува и поради вработувањето на Виктор Стојчевски, синот на пратеничката Мира Стојчевска. 

За време на неговото директорување беа вработени и други блиски на функционери од политиката, а случаите беа испитувани од Државната комисија за спречување на корупцијата, како ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери, сопругата на шурата на министерот Крешник Бектеши и синот на Тахир Хани, заменик-секретарот на Владата.

„Кога се работи, некогаш и се греши. Со цел да напредуваме и повеќе млади луѓе да вработуваме и задржиме во нашата земја, направиме и неколку пропусти во делот на вработувањата, за што јавноста некогаш со право не напаѓаше, но некогаш поради недоволно информации, бевме безправно напаѓани.

Свесен дека секој почеток има и свој крај, како што и веќе сте информирани од денес повеќе нема да ја извршувам функцијата Претседател на Управниот Одбор и директор на АД Електрани на Северна Македонија - АД ЕСМ.

Дозволете ми на СИТЕ Вас да Ви се заблагодарам за досегашната соработка, за Вашата посветеност, за искрените желби и напори да излеземе како побединици од сите ситуации и да Ви посакам добро здравје Вам и на Вашите најмили, но и да Ви посакам уште многу, многу успеси во животот, како на професионален, така и на приватен план. Ви благодарам и од се срце може да кажам дека беше чест и задовоство да се работи со секој од Вас!“, порача Миновски на својот профил.

Миновски додава дека минатат година Ад ЕЛЕМ направил рекордна добивка, но и дека разрешувањето ќе му дојде добро за да им посвети повеќе време на своите најблиски.

„Во изминатите 1 година и 11 месеци заедно поминавме многу добри, но и стресни моменти. Заедно успеавме да го направиме најдобриот резултат од постоењето на АД ЕСМ и за прв пат да направиме профит од над 29 милиони ЕУР. Успеавме да го стабилизираме производството и да го зголемиме во 2018, но и да проектираме и да се држиме до планот од 10% раст во 2019 година, со реални шанси да биде и уште поголемо. 

Долго ќе остане во сеќавање и почетокот на 2018 година кога со денови и ноќи заедно со колегите од РЕК Битола се трудевме да ископаме што е можно повеќе јаглен и да ги пребродиме проблемите кои ги имавме со лизгање на земјиштето, но и со откажувањето на економскиот оператор од ископот на јаглен и се тоа со цел да нема увоз на електрична енергија и да произведеме што е можно повеќе. Ќе се сеќавам и на уште бројни стресни моменти кои заедно со Вас, но и со подршка на моето семејство и на Пријателите, кои никогаш не ме оставија, успеавме да ги пребродиме и успешно да чекориме напред. Ќе се сеќавам и на прашањата и на очињата на моите две ќеркички кога ќе си дојдев доцна дома и на моите одговори дека само со напорна, чесна и искрена работа, со Вас драги колеги, работиме на подобра иднина за нив, за Вашите деца, но и за сите граѓани на нашата земја“, вели Миновски во дел пд неговото објаснување.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?