Драги: Зборот „тага“ најдобро ги опишува чувствата после Брегзит
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2016
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ја коментира со меланхоличен тон одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ), пишува Bloomberg, цитирајќи ги првите зборови на банкарот по британското гласање.
„Се обидувам да најдам збор кој ќе ги опише нашите чувства“, вели Драги на отворањето на годишниот форум на ЕЦБ во Синтра, Португалија. „Можеби најсоодветниот збор е тага“, рече тој, одбивајќи да го коментира во детали гласањето во кралството.
И додека главниот банкар на Европа е разочаран од Брегзит, тој и други политичари се борат да го повлече патот напред на покрај пазарните превирања и зголемената политичка неизвесност.
Централните банкари во најголемите економии во светот се приклучија на ветувањето за ликвидна поддршка со цел одржување на финансиска стабилност. Шефот на ЕЦБ ќе учествува на средбата на европските лидери во Брисел подоцна во текот на денот.
Форумот на ЕЦБ во Португалија, европскиот еквивалент на годишната средба на ФЕД во Џексон Хол, ќе трае до среда, иако Финалниот панел со Драги, гувернерот на Централната банка на Англија Марк Карни и претседателот на ФЕД Џенет Јелен беше откажан.