ДРАМА ВО КОЧАНИ: Прободен продавач за една кутија цигари
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2018
Од МВР информираат дека триесет и шестгодишен кочанчанец бил прободен
со нож затоа што не дал цигари без пари
на напаѓачот.
Утрово околку 7 часот, на улицата “ВМРО“ во Тобако центар во Кочани, дошол
41-годишниот С.Ф. од Кочани и од вработениот Д.П. (36) побарал да му даде
цигари без да плати, но откако бил одбиен, го нападнал со нож и му нанел убодна
рана во пределот на ногата.
Вработениот во контактибилна состојба од страна на униформирани полициски
службеници бил пренесен во Општата болница Кочани каде по укажаната лекарска
помош е пуштен на домашно лекување.
Напаѓачот С.Ф. е лишен од слобода и е приведен во ПС Кочани. Во консултација со
ОЈО Кочани на сторителот ќе му биде поднесена кривична пријава по брза постапка
за кривично дело – “ убиство во обид“ по чл.123 вв чл.19