07 Мај, 2024
0.0235

ДРАМАТИЧЕН ПАД НА ФУНТАТА: Стравот од развод на Британија и ЕУ ја уништи фунтата

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Британската фунта доживеа нокаут. 

Валутата денеска падна на најниско ниво од октомври во пресрет на очекуваниот говор на премиерката Тереза Меј најавен за утре, кога ќе ги престави деталите од планот за преговори за излезот на Велика Британија од ЕУ.

Во однос на еврото фунтата е ослабена за повеќе од 1%, на околу 1,13 евра, што е најниско ниво во последните два месеци.

Фунтата ова утро на азиските берзи забележа пад од 1,6%, што е под нивото од 1,19 на доларот, откако бритаските медиуми објавија дека приоритет во преговорите на Велика Британија за излезот од ЕУ ќе биде контрола врз имагинацијата. 

Од изгласувањето на Брегзит на 24 јуни лани, фунтата во однос на доларот има пад од 20%. Најголемиот дел од оваа загуба е влијанието на неизвесноста на финансиските пазари во случај кога Велика Британија ќе го изгуби бесцаринскиот пристап на европскиот пазар. Меј изјави дека граѓаните кои гласале за Брегзит, сакаат Велика Британија да ја поврати контролата врз своите граници.

Притисок плус на фунтата создаде и изјавата на британскиот министер за финансии, Филип Хамонд за германскиот весник „Welt am Sonntag”, дека британската економија веројатно ќе треба да се менува во случај да остане без пристап до единствениот европски пазар на британската економија, но додаде и дека Лондон “ќе направи се што е потребно да останат конкурентни на глобалниот пазар“. Според него, можно е земјата да биде даночен рај. 

Фунтата предизвика многу промени во земјата, од тоа што во еден период поради слабата фунта имаа шопинг навалица од странство, потоа имаше миграција на банки, компании, а сега ќе се воведе такса за странци кои ќе работат во Британија. 


Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?