28 Април, 2024
0.0272

Дража Петровиќ за ФАКТОР: Ги молиме Македонците да ни пратат преведувач, за полесно да го срушиме Вучиќ по тоа ваше сценарио

Објавено во: Македонија 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Протестите на опозицијата во соседна Србија изминатиов викенд го достигнаа врвот. Над педесетина демонстранти упаднаа во државната телевизија РТС во саботата вечерта со барање телевизијата да му се врати на народот, бидејќи националниот сервис не известувал за протестите кои во континуитет се одржуваат во последниот период. Претседателот Александар Вучиќ во неделата напладне одржа прес-конференција на која им порача на демонстрантите дека нема да се толерира никакво насилство и никакви „македонски сценарија“ во Србија. 

Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Денес“ од Белград , Драгољуб Дража Петровиќ за Фактор ја коментира ситуацијата во соседна Србија и вели дека радикализацијата на протестите морала да се случи.

Петровиќ вели дека протестите траат подолго а имаат за цел да покажат дека во Србија сепак има опозиција и незадоволни граѓани. 

„Упадот во РТС е предизвикан од срамното известување на тој јавен сервис, кој 100 дена од почетокот на протестот не повика никој од лидерите на граѓанскиот бунт, без разлика дали е политичар или некој друг, во емисиите да зборува на таа тема“, вели Петровиќ. 

Тој сепак посочува дека не треба да се упаднува во редакциите и да се плашат новинарите, но барањето на демонстрантите било да добијат само две минути во централниот Дневник.

„Наместо тоа скромно барање, главниот уредник на 90% од српските телевизии Александар Вучиќ, испрати полиција. Тој е самовљубен автократ кој го поддржува ЕУ и мислам дека сегашната ситуација не му одговара бидејќи светот се повеќе зборува за неговата приватна партиска држава, каква што моментално е Србија“ - потенцира Драгољуб Петровиќ.

Коментирајќи ги „македонските сценарија“ за кои обвинува самиот претседател, главниот и одговорен уредник на еден од попознатите српски дневни весници смета дека „Македонското сценарио е фраза која српските власти ја користат за да му покажат на својот гласач дека некоја виша сила ги урива „патриотските“ власти по регионот.

„Српскиот народ најмногу верува во теории на заговор, па затоа добро звучи тоа таканаречено македонско сценарио. А и нашите два народи се сметаат за братски, така да емоцијата со тоа е поголема, во фазонот: „Еве што им направија на Македонците, а сега се подготвуваат за Србите“, вели Петровиќ низ шега додавајќи  - “проблемот на српската опозиција во пишувањето на таканаречено македонско сценарио за рушење на Александар Вучиќ наиде на проблем бидејќи никој од овдешните сценаристи на македонското сценарио не знае македонски јазик. Така да ги молиме Македонците да ни испратат еден добар преведувач, за полесно да го срушиме Вучиќ по тоа ваше сценарио“, заклучува Петровиќ.


И.С.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце