03 Мај, 2024
0.0248

Древно решение за уморен човек: Мудроста на четирите договори

Објавено во: Стил 03 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

„...Јас овој процес го нарекувам 'припитомување' на луѓе...

Детето најпрво ги учи имињата на работите: Мама, тато, шишиња за млеко. Ден по ден, дома, на училиште, на телевизија, ни говорат како треба да живееме, кое однесување е прифатливо ... Го стекнуваме целиот концепт што значи да се биде „жена“ и што значи да се биде „маж“. Учиме и да се проценуваме себе, другите, своите ближни...

Своите деца ги обучуваме користејќи го системот награда и казна. Им велиме „Ти си добар дечко“, „Ти си добра девојка“ кога го прават она што како родители сакаме да го прават, а „Лоши сте“ кога не го прават она што го сакаме.

Кога се однесувавме спротивно на правилата, бевме казнувани. Кога се однесувавме во согласност со правилата, добивавме награда. И, наскоро почнавме да се плашиме од казната, а исто така се плашевме дека нема да добиеме награда ... Наскоро се стекнавме со потребата да го привилекуваме вниманието на другите за да добиеме нагарада ... Со тек  на време, поради страв, почнуваме да се претвараме дека сме поинакви отколку што навистина сме само за да ги задоволиме другите, само за да бидеме добри за другите ... А кога доволно пораснеме, толку сме „припитомени“ да не ни се потребни други да не „припитомуваат“. Толку сме издресирани да сами себе се „припитомуваме“. Тој систем на верување е како Закон кој владее со нашиот ум. Без прашање, што и да се наоѓа во таа книга за нас претставува вистина дури иако е во спротивност на нашата внатрешна природа ...

Дури иако Книгата на закони е погрешна, таа прави да се чуствувате сигурно.“!

Ова е дел од книгата на Мигел Ангел Руиз „Четири договори“ која е издадена пред 17 години и е продадена во повеќе милиони примероци. За многумина ова е кинга на мудроста, практичен водич кон личната слобода.

Руиз потекнува од мексиканско семејство на исцелители и шамани и се очекувало дека ќе ја продолжи оваа традиција. Меѓутоа, него го привлекувал модерен начин на живот и тој студирал медицина и станал хирург. Овој „модерен“ животен тек го прекинува искуството блиску до смртта, и Руиз сепак ги прифаќа семјените достигнувања и станува „толтечки нагуал“ (оној кој поединецот го води до лична слобода).

Кои се тие четири договори кои секој треба да ги склопи со самиот себе (или Руизовиот животен код)?

„Нека твојот збор биде беспрекорен“. Изговарај го она што навистина го мислиш. Не користи ги зборовите за да говориш против себе или да ги оговараш другите. Моќта на своите зборови насочувај ја кон љубов и вистина.

„Ништо не сфаќај лично“.Тоа што другите го прават не го прават поради тебе. Нивните постапки и зборови се само проекција на нивната реалност. Кога станеш имун на мислењето на другите, повеќе нема да бидеш жртва на беспотребно страдање.

„Не претпоставувај“. Пронајди храброст со која ќе поставуваш прашања и ќе го изразиш она што навистина го сакаш. Комуницирај со другите што појасно и прецизно како би избегнал недоразбирање, тага и драма. Со исполнување на само овој еден договор, можеш целосно да го промениш својот живот.

„Секогаш давај се од себе“. Твоето најдобро ќе се менува од момент во момент и ќе биде поинакво кога си здрав, поинакво кога си болен. Како и да е, во секој момент давај го најдоброто од себе и ќе избегнеш самокритика, злоупотреба на самиот себе и каење.