02 Мај, 2024
0.0262

Државата уште прави анализи за акцизата– буџетот губи, а животната средина го плаќа цехот од малверзации со нафтата за греење

Објавено во: Економија 14 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Додека институциите се уште прават анализи по предлогот за изедначување на акцизите, познавачи коментираат дека од пониската акциза на Екстра лесно гориво што се троши како дизел за транспорт државата губи повеќе од 11 денари по литар. Се тврди дека сега е време за промената на акцизата затоа што тоа е влог и за животната средина која го плаќа цехот - при согорувањето екстра лесното загадува 100 пати повеќе од дизелот.

Министерството за финансии се уште е во фаза на подготовка на анализи, по што ќе излезе со конкретен предлог до Владата, најави министерката Нина Ангеловска, прашана каков е ставот по однос на барањето на Стопанската комора за изедначување на акцизата на Екстра лесното гориво со дизелот, со што би се спречиле масовните злоупотреби кои се прават и предизвикуваат дупка во буџетот, но и еколошка штета.  

„Дали решението кое што ќе биде предложено до Владата ќе биде изедначување или ќе биде покачување на цената на нафтата, дополнително ќе излеземе и ќе информираме. Треба да бидеме внимателни, да правиме и да базираме одлуки на анализи, односно во моментот разгледуваме и точно колкаво е користењето на екстралесната нафта, а разгледуваме за сите нафтени деривати што би значело, изјави Ангеловска.

Во кризата во која сме, според  Ангеловска, може да се каже дека среќна околност е драстичниот пад на цената на нафтата.

„Зборуваме за пад на малопродажните цени од 20 денари, зборуваме во исто време за важноста на акцизата и приходите по основ на акцизата во буџетот кои што се намаелни поради намалената потрошувачка. Она што е многу важно е дека било кое решение кое ќе го донесеме, нема да биде скроено за да наштети на било кого односно да удри на џебот на граѓаните, изјави Ангеловска.  

Статистиката покажува дека годишно во нашата држава се трошат 50 милиони литри ЕЛ-1, додека за да се задоволат годишните потреби на домаќинствата потребни се не повеќе од 5 милиони литри.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски изедначувањето на  акцизата на екстра лесното со дизелот ќе биде од корист на сите, имајќи во предвид дека со злоупотребата некаде во буџетот на државата недостасуваат околу 30 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?