Дубаи и Филипините најпосакувани дестинации за купување втор дом
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2016
Со почетокот на летната сезона Дубаи и Филипините влегоа меѓу топ 3 најпосакувани дестинации за купување втор дом.
Најчести купувачи се Британците кои таму се префрлаат од дестинации како Франција, Шпанија и Португалија. Дубаи го бираат поради начинот на живот, а Филипините пак привлекуваат повеќе купувачи поради зголемувањето на населението и се поголемото значење на туризмот за економијата на земјата.
Лидерската позиција останува за САД со речиси 12 проценти од барањата за купување на имоти за одмор. Франција била четврта најпосакувана дестинација за купување на имот за одмор во мај, потоа следат Шпанија и Португалија. Топ 10 се дополнува со Швајцарија, Италија, Турција и Канада.
Најсилен скок во рангирањето постигнува Ирска - со 14 позиции до 14-то место. Најсилен пад имаат Тајланд и Романија, односно 11 места до 24-та позиција и 10 места до 28-ма позиција.
Влошувањето на позициите на европските дестинации може да се објасни со референдумот во Британија за членството во Европската унија, кој ќе се одржи на 23 јуни.